Железничка несреќа кај Филаделфија
Возот на железничката компанија Амтрак сообраќал на релација Вашингтон до Њујорк, и засега од непознати причини излетал од пругата во близина на градот Филаделфија...

Шестмина патници го загубија животот, а над 200 се повредени во железничката несреќа што доцна синоќа се случи во близина на градот Филаделфија.
Возот на железничката компанија Амтрак сообраќал на релација Вашингтон до Њујорк, и засега од непознати причини излетал од пругата во близина на градот Филаделфија.
Во возот се превезувале 238 патници и 5 членови на екипажот. Повредените се префрлени во болница во Филаделфија.
Шестмина од повредените се во критична состојба. Истражните тимови се обидуваат да добијат повеќе информации за причината на несреќата од рекордерите на возот за патувањето.
