Убиен заменик- лидерот на ИДИЛ

13.05.2015 17:34

Абдул Рахман Мустафа познат под псевдонимот Абу Ала Ал Афри убиен е во џамија Тал Афар за време на останокот со поголемиот дел од екстремистичката група...

Убиен е заменик- лидерот на Исламска држава во воздушните напади на САД и коалицијата на северот на Ирак.

Абдул Рахман Мустафа познат под псевдонимот Абу Ала Ал Афри убиен е во џамија Тал Афар за време на останокот со поголемиот дел од екстремистичката група. Информацијата за смрта на вториот човек на ИДИЛ ја потврди ирачкото министерството за одбрана во Багдад.

Во последните неколку недели се шпекулираше дека Ал Афри привремено ја презел командата над операциите на џихадистите на Исламска држава.