Филипини:72 лица изгореле живи во пожар во фабрика

14.05.2015 13:47

Во фабриката работеле меѓу 200 и 300 работници. Нивните роднини ги осудуваат страшните услови за работа во фабриката...

Спасителите од пепел во фабриката за чевли во Валенцуела на Филипините извлекле 72 тела. Во фабриката работеле меѓу 200 и 300 работници. Нивните роднини ги осудуваат страшните услови за работа во фабриката.

Според полицијата пожарот избил непосредно пред полноќ ноќеска, кога искра од апарат за заварување ги  запалила хемикалиите,  по што следувале страшни експлозии. Работниците во оваа фабрика работат за 6 евра дневно без посебна заштита против отровни гасови, а немале ниту упатства за евакуација во случај на пожар.