САД: Прислушување само со согласност на судот
Американскиот конгрес изгласал прекинување на програмата на НСА за собирање податоци преку мобилните телефони на милиони американци. Го откри поранешниот службеник за безбедност Едвард Сноуден.

Усвојување на законскиот акт за слобода се толкува како голема победа на граѓанските права за приватност. Белата куќа ги поддржува законските реформи истакнувајќи дека зачувувањето на приватноста е битно за националната сигурност, пренесува Танјуг.
Сегашната програма за собирање податоци ќе биде заменета со целна програма што ќе им овозможи на разузнавачките агенции собирање податоци за специфични поединци или групи, но само со согласност на тајната национална сигурност на судот ФИСА . Изгласаната мерка е поради зголемување на дигиталниот наплив на терористите на Исламска држава, пренесува АПФ.
Гласањето доаѓа една недела откако американскиот Апелациски суд пресуди дека масовното собирање податоци ги преминува овластувањата на Конгресот.
