Уште тројца во притвор за насилните протести

15.05.2015 13:12

Основното јавно обвинителство предложило определување мерка притвор...

Во Основниот суд Скопје 1, пред судија во претходна постапка, биле доведени уште тројца за насилните протести пред владата на 5-ти мај.

Основното јавно обвинителство предложило определување мерка притвор, заради основано сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа, што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствие“.

Судијата ги разгледал фактите, по што им одредил притвор во траење од 8 дена, а притвор во отсуство има и за уште едно лице, по кое МВР има распишано потерница.