35 спорови решени со арбитража

15.05.2015 13:23

Хрватска е земја лидер во регионот во овој дел, чии стапки се обидува да ги следи и нашата земја...

Брзи и квалитетни постапки со ниски трошоци, ова е предноста од решавањето на споровите преку арбитража, наместо преку стандардната судска постапка. Досега 35 спорови се решени на овој начин.

Според Арсен Јаневски, професор на Правниот факултет во Скопје и претседател на Постојаниот избран суд - Арбитража при Стопанската комора, голема предност е и тоа што арбитражата може да се спроведува на друг јазик, по договор на странките во спорот, со оглед дека скоро секогаш меѓу нив има странци.

Од нив повеќето се со странски елемент и прилично голема вредност, седум, осум, па и 10 милиони евра. Најважно е, сепак, што постапките се завршувале и се извршувале, нагласи Јаневски.

Хрватска е земја лидер во регионот во овој дел, чии стапки се обидува да ги следи и нашата земја.