Средношколците го ставија бојкотот во мирување
15.05.2015 13:55
Ќе подготвуваат за полагање на екстерното и на државната матура...

Средношколскиот пленум реши, учениците се враќаат на настава, бојкотот ќе биде ставен во мирување. Го трансформираа кампот.
„Временскиот рок не дозволува промена на екстерното тестирање, Пленумот го распушта кампот и го ставаме во мирување бојкотот, не би ли се свестило Министерството и не би ли дозволило негово повторно активирање“, изјави Исмет Шабановиќ од Средношколскиот пленум.
Средношколците ќе подготвуваат за полагање на екстерното и на државната матура. Велат, заедно со проферите ќе решеле како да ја надоместат изгубената настава додека протестираа.
