Чавков официјално го презеде раководењето со МВР
15.05.2015 14:09
Смената доаѓа откако Јанкулоска поднесе оставка, а по предлог на премиерот Груевски, Чавков беше избран за министер во Собранието пред два дена...

Новиот Mинистер за внатрешни работи Митко Чавков и официјално го презеде раководењето со Mинистерството од досегашниот министер Гордана Јанкулоска.
Смената доаѓа откако Јанкулоска поднесе оставка, а по предлог на премиерот Груевски, Чавков беше избран за министер во Собранието пред два дена.
Како што е познато оставка поднесе и првиот човек на УБК, Сашо Мијалков. Се уште нема информација кој ќе биде негов наследник.
