Подвижните аптеки - во финална фаза на отворање
Оваа мерка ќе овозможи бенефит за над 226.000 граѓани во вкупно 1.400 населени места, информираше министерот за здравство Никола Тодоров...

Доделени се лиценците за подвижни аптеки во повеќе региони во државата и во финална фаза е нивното отварање. Се очекува проектот да почне да функционира од месец јуни, со што ќе им се овозможи на жителите на помалите населени места, потребната терапија да ја добиваат во своето место на живеење.
Оваа мерка ќе овозможи бенефит за над 226.000 граѓани во вкупно 1.400 населени места, информираше министерот за здравство Никола Тодоров.
„Само со овие шест лиценци ќе бидат опфатени 304 населени места со над 50.000 жители. Во овие населени места лековите се доставуваат со посебно возило, таканаречено подвижна аптека, а како кадар се ангажирани фармацевтски техничари. Предвидено е подвижните аптеки да ги посетуваат населените места најмалку два до три пати во месецот по претходно утврден распоред“, соопшти министерот Тодоров.
Проектот за подвижни аптеки, кореспондира со проектот „Рурален доктор“.
