Лавров: Русија изразува загриженост за случувањата
Лавров, кој е во посета на Белград, по пресконференцијата со министерот за надворешни работи Дачиќ, оцени- нападите во Куманово се добро подготвени терористички акции...

Русија изразува голема загриженост поради последните случувања во Mакедонија. Шефот на дипломатијата Сергеј Лавров, ја повикува Европската унија да обрне внимание на вознемирувачките тенденции, кои можат да се повлечат од териристички концепт.
Лавров, кој е во посета на Белград, по пресконференцијата со министерот за надворешни работи Дачиќ, оцени- нападите во Куманово се добро подготвени терористички акции.
ЕУ не треба да зазема кукавички став дека станува збор за одделна епизода. Убеден сум дека Брисел знае, но со тоа ја правдаат неефиканоста на сопствените напори, вели во изјавите Лавров.
