Со подвижни аптеки полесно до потребната терапија
Цел на подвижните аптеки ќе биде населението да ја добива потребната терапија до местото на живеење. Руралните места ќе ги посетуваат од два до три пати во месецот...

Од идниот месец ќе имаат корист 266.000 луѓе во 1.400 населени места. Цел на подвижните аптеки ќе биде населението да ја добива потребната терапија до местото на живеење. Руралните места ќе ги посетуваат од два до три пати во месецот, а лековите ќе ги издаваат дипломирани фармацевти.
„Ќе бидат опфатени 304 населени места со над 50.000 жители. Во овие населени места лековите се доставуваат со посебно возило, таканаречено подвижна аптека“, изјави министерот за здравство, Никола Тодоров.
На овој начин пациентите ќе можат навреме да ги добијат лековите на товар на Фондот за здравствено осигурување.
„Овој проект кореспондира со проектот Рурален доктор, а тоа значи дека подвижните аптеки ќе бидат во координација со руралните доктори, со цел пациентите да добијат и здравствена заштита и лекови на терет на Фондот“, вели директорката на Бирото за лекови, Марија Дарковска - Серафимовска.
Во овие места поради малиот број жители, немало интерес за отворање рурални аптеки. Во населените места што имаат до 1.000 жители, министерството за здравство ќе им овозможи достапност на лекови преку новите подвижни аптеки.
Александра Перевска
