Заев објави нови прислушувани разговори

15.05.2015 16:21

Според него, на снимките се слушаат високи функционери од владата кои прикриваат инциденти направени од обезбедувањето на премиерот, креираат прилози и ги навредуваат албанците...

Во безбедносните служби има непресметливи луѓе кои се сериозна закана за професионалците во полицијата - обвини лидерот на СДСМ, Зоран Заев објавувајќи нов сет прислушкувани телефонски разговори кои ги поседува.

Според него, на снимките се слушаат високи функционери од владата кои прикриваат инциденти направени од обезбедувањето на премиерот, креираат прилози и ги навредуваат албанците.

На крајот на прес- конференцијата Заев ги повика граѓаните на протестот в недела и рече дека неговата партија ќе се обиде собирот да помине без насилство и проблеми.

 

Катерина Топалова