Пријавување за субвенции за млеко

18.05.2015 11:14

Почна пријавувањето за субвенции за предадено млеко во првите 4 месеци од годинава. Рокот за поднесување на барањата е до 15- јуни...

Во тек поднесување барања за субвенции за продадено овчо, козјо и кравјо млеко од 1-ви јануари до 30-ти април оваа година.

Финансиската поддршката е 3,5 денари за литар и дополнителни 15 проценти за млеко произведено на фарми на висина над 700 метри.

Сточарите може да ги поднесат барањата до 15-ти јуни во подрачните единици на Министерството каде што е регистрирано земјоделското стопанство.

 

Методија Трајков