Стабилна состојбата на повредените полицајци, 5-мина пуштени на домашно лекување
18.05.2015 12:41
Уште осум остануваат на понатамошно лекување во хируршките клиники, но нивната здравствена состојба е стабилна- соопштуваат од Министерството за здравство...

Петмина припадници на безбедносните сили кои што беа повредени во полициската акција во Куманово, а хоспитализирани во Градската општа болница „8-ми Септември“ се пуштени на домашно лекување.
Уште толку остануваат на понатамошно лекување во хируршките клиники, но нивната здравствена состојба е стабилна- соопштуваат од Министерството за здравство.
Во полициската акција во кумановската „Дива населба“ беа повредени вкупно 38 полициски службеници.
