Советот на ЕУ денеска носи заклучок за Македонија

18.05.2015 12:50

Шефовите на дипломатиите ќе дискутираат за мерките кои ќе треба да ги преземат...

Советот за надворешни работи на Европската унија ќе излезе со единствен став во врска со случувањата во Македонија и со пристапот кој треба да се преземе.

Шефовите на дипломатиите ќе дискутираат за мерките кои ќе треба да ги преземат. А утре, Груевски и Заев ќе заминат во Европскиот Парламент во Стразбур, каде што ќе се сретнат со европарламентарците на нивно барање.

На средбата ќе се разговара за решение за излез од политичката криза. Од двете партии се воздржани и не сакаат да зборуваат за овие иницијативи.