Автобус излета од патот Битола – Кичево

18.05.2015 17:32

Сообраќајната несреќа се случила околу 16 часот...

Автобус кој сообраќал на редовната линија Битола – Кичево излетал од патот во близина на селото Лопатица. Сообраќајната несреќа се случила околу 16 часот.

Од битолската полиција за МТВ го потврдуваат настанот и велат дека увидот се уште трае. Нема официјална информација колку патници се наоѓале во автобусот, ниту колку од нив се повредени.

Неофицијално, причина за несреќата е откажување на воланот, поради што возачот изгубил контрола над автобусот. Повеќе информации најавуваат за подоцна.