Стразбур: Разговорите искрени и треба да продолжат!

20.05.2015 11:10

Tројцата пратеници- олеснувачи од Европскиот парламент, Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл, испратија кратко соопштение за печатот во кое се поздравува „искрената дискусија“ која во Стразбур се водела изминатата ноќ, и дека овие разговори помеѓу лидерите ќе продолжат...

По десет часа преговори помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев во Стразбург, тројцата пратеници- олеснувачи од Европскиот парламент, Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл, испратија кратко соопштение за печатот во кое се поздравува „искрената дискусија“ која во Стразбур се водела изминатата ноќ, и дека овие разговори помеѓу лидерите ќе продолжат.  

„Во контекст на разговорите кои се во тек, премиерот Николан Груевски и лидерот на главната опозициска партија, Зоран Заев, се сретнаа со Иво Вајгл, Евдард Кукан, Ричард Ховит и комесарот Јоханес Хан во Стразбург на 19-20 мај 2015 година. Пратениците и комесарот Хан ги поздравуваат напорите на лидерите на партии да работат кон договор во интерес на сите граѓани на земјата и да се решат предизвиците кои произлегуваат од кризата во согласност со европските стандарди. Партиите ја потврдија нивната определба за ЕУ интеграција и демократските принципи и се согласија дека на прво место мораат да ги стават интересите на земјата. Пратениците и комесарот Хан ја поздравија искрената дискусија околу клучните теми на несогласувањата. Сите страни се согласија дека е важно да се имаат понатамошни состаноци“, се вели во соопштението на тројцата европратеници.