Канада: Уапсени 10 момчиња пред да заминат меѓу џихадистите
20.05.2015 14:06
Групата е уапсена на аеродромот во Монтреал минатиот викенд. Имале намера да отпатуваат да им се придружат на џихадистите...

Ова се смета за едно од поважните апсења, по смртоносните напади минатата есен во Квебек и во Парламентот во Отава.
Сите живееле во околината на Монтреал, а некои од нив се малолетни. Засега не се дадени на суд, нема подигнато обвинение, но одземени им се пасошите.
Биле сослушани нивните семејства и блиските. Еден од родителите кренал паника, што помагнало да се спречи нивниот план.
