Доделени се првите ваучери за теблет – компјутери

20.05.2015 16:38

4.570 студенти ќе добијат бесплатни таблет компјутери. Доделени се првите ваучери. студентите велат- таблет компјутерите значително ќе им го олеснат студирањето...

4.570 студенти ќе добијат бесплатни таблет компјутери. Министерството за информатичко општество ги додели првите ваучери. Од пристигнатите 7.290 апликации, 1.938 се одбиени, а 728 дополнително ќе се проверуваат. Најмногу ваучери се доделени на скопскиот и на штипскиот универзитет, а најмалку на охридскиот.

„Би сакал да нагласам дека може само да набавите таблет и тастатура, ништо друго дополнително, ако таблетот вреди до 8.000 денари може да набавите, ако вреди повеќе, може од свој џеб да доплатите, но ако доколку некој избере да набави поевтин таблет, а за разликата да набави нешто друго, тоа е против законско“, им нагласи на студентите министерот за информатичко општество, Иво Ивановски.

Ваучерите што се доделуваат се со вредност од 8.000 денари. Студентите се задоволни од ваквата акција и велат дека таблет компјутерите значително ќе им го олеснат студирањето.

„Симата од 8.000 денари е сосема доволна за набавка на таблет и тастатура... Ќе ми помогне во понатамошното образование“, велат студентите кои ги анкетиравме.

Таблет компјутерите се наменети за студентите од трета и од четврта година кои доаѓаат од семејства со бруто приходи од 32.740 денари. 

Сите студенти на кои што им се одобрени барањата, ваучерите можат да ги подигнат веќе од утре, а таблет компјутерите може да ги набават најдоцна до 25-ти јуни.

 

Анита Димитријевска