Политички дијалог: Разговорите оценети како искрени
Искрена дискусија и продолжување на средбите, ова се заклучоците од синоќешната маратонска средба Груевски- Заев со европската тројка посредници Вајгл, Ховит и Кукан. Ова беа први директни преговори меѓу двајцата лидери во европска институција...

Непосредно пред вечерашнава расправа на пленарана сесија на ЕП за ситуацијата во Македонија, по настаните во Куманово и воопшто и само еден ден по расправата во ЕП за безбедносната и одбранбената политика на ЕУ, го запрашавме францускиот европратреник Арно Данжан кој е добар познавач на Балканот, како поранешен разузнувач, а сега известувач на ова тема во ЕП, дали актуената криза во која се наоѓа Македонија е резултат на пропустите на Европската политика кон нашата земја, оставајќи ја од пред десет години во чекалната на ЕУ, поради ирационалниот спор со името.
„Безбедносното прашање е последица, засега за среќа само минимална, иако имаше трагични настани, тоа сепак останува под контрола, на политички проблем кој го наведовте. Проблемот поврзан со Македонија во европското и меѓународното раководење со него е политички проблем, а не безбедносен. Безбедноста произлегува од таа политичка блокада. Од проблем кој го нарековте ирационален и со што широко се согласувам. Мислам дека е време да извесен број на европски и други држави ја преземат нивната одговорност. Македонија е кандидат од 2005-та, десет години подоцна преговрите кои требаше да зпочна многу порано се уште не се отворени. Проблеите со кои се соочуваме денес во Македонија произлегуваат воглавно од овој проблем. Тешкотиите во Македонија се политички. Ние ги позваме слабистите кои постојат внатре во македонското општество и во македонската политичка елита. Секој треба да докажи голема одговорност, го употребивте зборот ирационално - мислам дека на Балканот често пати таа ирационалност не доведе до кризни ситуации. Затоа секој треба да се врати на порационални позиции и тогаш ќе најдеме решенија “, вели Арно Данжан за МРТ.
Токму на изнаоѓање на рационално решение се зафатија претседателот на владеачката ВМРО- ДПМНЕ и премиер на владата на Република Македонија, Никола Груевски и претседателот на опозициската СДСМ, Зоран Заев.
Тие со помош на тројцата европратеници- олеснувачи, Кукан, Вајгл, Ховит и еврокомесарот Хан преговараа над десет часови во Стразбур. Разговори оценети како „искрени“, при што се поздравуваат и напорите лидерите на партии да работат кон договор во интерес на сите граѓани на земјата и да се решат предизвиците кои произлегуваат од кризата во согласност со европските стандарди.
Еве што ни изјави Едуар Кукан на претходното прашање за одговорноста на ЕУ во однос на случувањата во Македонија.
„Ќе се обидам да одговарам директно на прашањето - да да се биде земја кандидат во период од 8 или 9 години, и секојпат постојано да ви се кажува секогаш истото, но со некои различни разлчични зборови, години по години во етапните извештаи, не може да се каже дека тоа помага на раководните политички екипи на Македонија и дека тоа предизвикува многу ентузиазам кај истите виз-а- ви ЕУ. Би било добро да се располага со една анализа на она што требаше да биде подобро направеном но има прашања кои стагнираат, бидејќи сега се наоѓа,е во ситуација која не може да потрае подолго. Трагичните настани од Куманово само ја засилуваат потребата да Европа ги реши овие прашања, односно да ги земе посериозно, ако не може да ги реши. Европа тука има одговорност, има вистинска одговорност тоа сакав да го додадам“, изјави Кукан.
Вечерва во Европскиот парламент ќе расправа за Македонија, а премиерот Груевски кој се уште е во Стразбур има предвидено срдба со европратениците од групата на Народните партии.
Тони Гламчевски, дописник од Стразбур за МРТ
