Почнува судењето за насилните демонстрации

21.05.2015 17:42

Ќе им суди на 3 групи, од кои првата е составена од 4 лица, а втората од петмина и третата од тројца...

Утре започнува судскиот процес против првата група демонстранти, осомничени за нападот на полицијата на протестите пред Владата на 5-ти мај. Кривичниот суд Скопје 1 го раздели предметот и за кривичното дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“.

Ќе им суди на 3 групи, од кои првата е составена од 4 лица, а втората од петмина и третата од тројца.

​Дел од приведените лица се во притвор, еден е во куќен притвор, а едно лице не е достапно за истрагата.