Владиниот авион принудно слета во Цирих, сите патници се добри

21.05.2015 17:50

Премиерот Груевски и сите други патници во авионот се добри, а надлежните служби треба да ги преземат сите дејствија за утврдување на фактите, соопшти владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев...

Владиниот авион со кој патува делегацијата предводена од премиерот Никола Груевски враќајќи се од Стразбур, принудно слетал во Цирих. Авионот сега е во сервис во Нирнберг. Премиерот Груевски и сите други патници во авионот се добри, а надлежните служби треба да ги преземат сите дејствија за утврдување на фактите, соопшти владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев.

Според првичните информации, можам да потврдам дека на враќањето од Стразбур се случил дефект во летот на владиниот авион во кој бил и премиерот Груевски со своите соработници по што авионот принудно слетал во Цирих, изјави портпаролот Ѓорѓиев.

Според владиниот портпарол, најверојатно се случила декомпресија на авионот, кој е стар не повеќе од осум години.