МНР: Блокадите и заканите не се во духот на еврпските вредности
Стратешка цел на Република Македонија е да се интегрира во ЕУ и НАТО. Тоа е во интерес на сите македонски граѓани, за подобра иднина, економски развој, мир и стабилност во земјата и регионот, соопшти МНР...

Блокадите, заканите за блокади и изговори не се во духот на европските вредности и не придонесуваат за стабилноста на регионот – реакција на Mинистерството за надворешни работи по изјавите на странските преставници од соседството и пошироко, што се донесуваат на Mакедонија.
Стартешка цел на Mакедонија се интеграциите во Европската унија и НАТО, тоа е интерес на македонските граѓани, за подобра иднина, економски развој, мир и стабилност во земјата и регионот – стои во соопштението.
Меѓуетничкиот соживот и почитување на културните, етничките и верските различности и на човековите права се темел на македонското општество и уставно уредување.
