Телата на убиените во Куманово пренесени во Приштина

22.05.2015 10:52

Директорот на косовската судска медицина, Арсим Грџали изјавил дека по разговорите со роднините на убиените, повторно ќе биде извршена обдукција на убиените во полициската акција...

Телата на деветмината косовски Албанци, припадници на вооружената криминално терористичка група, кои загинаа пред две недели во судирите со македонската полицијата во Куманово, рано изутрината околу 4 часот се пренесени во Приштина.
 
Директорот на косовската судска медицина, Арсим Грџали изјавил дека по разговорите со роднините на убиените, повторно ќе биде извршена обдукција на убиените во полициската акција.  
 
Датумот на нивниот погреб дополнително ќе биде соопштен откако ќе биде завршена аутопсијата, пренесуваат косовските медиуми.