Светскиот кибернетичар Кевин Ворик - почесен професор на УКИМ

22.05.2015 11:30

Звањето почесен доктор, Ворик го добива по повод одбележување на Денот на македонските просветители, Светите Кирил и Методиј...

Светски познатиот научник и професор по кибернетика, д-р Кевин Ворик, од вчера, е почесен доктор на науки и на нашиот Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Звањето почесен доктор, Ворик го добива по повод одбележување на Денот на македонските просветители, Светите Кирил и Методиј (24 мај).

„Кибернетиката е наука за хармоничноста во работата меѓу луѓето и технологијата и самиот факт што ова се смета за многу важно  тука, значи на Универзитетот и градот Скопје заземаат многу важно место во моето срце, а сигурен сум дека и во вашите. Истражувањата понекогаш носат подеми, но и понекогаш и падови. Важно е да се учи од грешките, бидејќи само на тој начин може повеќе да се ужива во успехот“, рече професор Ворик во своето обраќање по прогласувањето за почесен доктор на науки.

Професор Ворик за избор во почесен доктор е предложен од наставно-научниот совет на Факулетот за електротехника и информациски технологии од Скопје. Неговиот придонес во научните и технолошките откритија е огромен.