88 невработени лица добија сертификати за напредни компјутерски вештини

22.05.2015 12:43

Според надлежните, искуството покажало дека странските инвеститори имаат потреба од ваков кадар и заради тоа се зголемува бројот на невработени кои можат да ја поминат обуката...

Поделени 88 сертификати за завршена обука за напредни компјутерски вештини. Изминативе години вакви обуки поминале речиси 500 невработени. Половина од нив успеале да се вработат. Според надлежните, искуството покажало дека странските инвеститори имаат потреба од ваков кадар и заради тоа се зголемува бројот на невработени кои можат да ја поминат обуката.

„Со Агенцијата за вработување планираме на почетокот на јуни месец да распишеме нов јавен повик за пројавување на интерес за секое невработено лице кое што сака да ги надгради сопствените вештини во овој дел за околу 220 невработени лица за кој се обезбедени околу 22 милиони денари. Изминатиот период односно изминатите години овие обуки ги поминаа над 470 лица од кои што веќе вработени се 246 лица“, изјави министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

 Директорот на Агенцијата за  вработување, Влатко Поповски истакна дека со овие обуки целта е  да се излезе на светскиот глобален пазар на квалитетни луѓе кои што имаат сертификација од  напредни ИТ вештини кои што се многу битни за секое општество и во Македонија најавените инвестиции кои што допрва треба да влезат имаат побарано вакви квалитетни луѓе кои што имаат вакви сертификати од меѓународен карактер за да бидат многу побрзо вработени во овие компании.