Шчербак: Македонија да не подлегнува на сценаријата за дестабилизација
26.05.2015 12:51
Русија не се меша во внатрешните работи на земјата, но се залага за одржување на стабилноста на Македонија и за нејзин успешен развој...

Македонија да не подлегнува на сценаријата за дестабилизација- порака на амбасадорот на Руската федарација во Македонија, Олег Николаевич Шчербак. Русија не се меша во внатрешните работи на земјата, но се залага за одржување на стабилноста на Македонија и за нејзин успешен развој.
Владата што е избрана на избори мора да добива подршка од меѓународната заедница без разлика дали на некому тоа му се допаѓа или не. Сепак таа Влада треба да се почитува, затоа што е избор на македонскиот народ, вели Шчербак.
