Докупот на стаж пред пратениците

26.05.2015 12:55

Според предлогот, основицата за пресметка и плаќање на придонесот изнесува 50 проценти од просечната плата за претходната година од годината кога е поднесено барањето за плаќање на придонесот за ПИОМ, објавена од Државниот завод за статистика...

Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за пензиско и инвалидско осигурување со кој ќе се овозможи докуп на стаж за граѓаните на кои не им е платен придонесот за пензиско и инвалидско осигурување за периодот до 31-ви декември 2008 година, денеска го разгледува Собранието на Република Македонија.

Според предлогот, основицата за пресметка и плаќање на придонесот изнесува 50 проценти од просечната плата за претходната година од годината кога е поднесено барањето за плаќање на придонесот за ПИОМ, објавена од Државниот завод за статистика.

Според проценките на владата, се очекува да бидат опфатени околу 20 илјади луѓе кои би можеле да го искористат ова право, а плаќањето ќе може да се изврши најмногу до 12 последователни месечни рати.