Руски медал за ректорот на УКИМ во чест на победата над фашизмот
Стојковски се заблагодари за медалот и истакна дека ова е негово второ големо признание од Руската Федерација после медалот „Пушкин“...

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин, во спомен на 70-годишнината од победата над фашизмот му додели медал на проф. д-р Велимир Стојковски, за голем придонес кон антифашистичкото воспитување на младите генерации и одбележувањето на овој датум. Медалот му го врачи амбасадорот на Руската Федерација, Олег Шчербак.
Стојковски се заблагодари за медалот и истакна дека ова е негово второ големо признание од Руската Федерација после медалот „Пушкин“.
Тоа е огромна чест како за мене така и за УКИМ особено тоа што медалот се доделува во знак на признание за нашето вложување во антифашистичкото воспитување на младите генерации. Треба со гордост да се сеќаваме на тоа што Македонија иако скромно, но тоа сепак за нашата татковина беше голем влог, го даде во борбата против антифашизмот и постојано да се потсетуваме на тоа што се случило за да знаеме да го чуваме и негуваме тоа што денес го имаме, изјави ректорот Стојковски.
