Проширен и реконструиран третиот дел од булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“

26.05.2015 14:42

Градот Скопје добива модерна сообраќајница што ќе овозможи брз и безбеден проток на возила...

Отворен е за сообраќај  третиот дел од проширениот и реконструиран булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Градот Скопје добива модерна сообраќајница што ќе овозможи брз и безбеден проток на возила. 

„Градоначалникот Коце Трајановски и оваа постава во Град Скопје навреме си ја фатија својата работа. Направија проект , ги поминаа сите потребни процедури и во три фази од 2011-2015 година целосно го изградија булеварот. Честитки за тоа. Со ова се исполни уште едно ветување дадено на граѓаните“, истакна премиерот Груевски.

Премиерот најави дека ќе следат уште проекти, а само овој проект за проширување и реконструкција на третиот дел на булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“ изнесува 92, 6 милиони денари.

Градоначалникот Коце Трајановски нагласи дека со проширувањето на оваа делница од булеварот, долга 1.600 метри, се формирани 4 коловозни ленти, по две во секоја насока. Делницата е асфалтирана на вкупна површина од 19.500 квадранти метри и е обележана. Од двете страни на проширениот коловоз се изградени тротоари со ширина од по 3,5 метри, со вкупна површина од 9.550 квадратни метри,кои што се покриени со павер-елементи.