ЕК не негира дека подготвува специјален претставник за Македонија

26.05.2015 14:51

Ставот на Брисел го презентира портпаролката Маја Коцијанчич...

Европската комисија не негира дека преку европската служба за надворешни работи подготвува да испрати специјален претставник на ЕУ за Република Макеодонија кој би помогнал во надминување на актуелната политичка состојба. Ставот на Брисел го презентира портпаролката Маја Коцијанчич.

„Не можам да потврдам  во оваа фаза. Позицијата на ЕУ во однос на Поранешната Југословенска Република Македонија генерално е преставена преку преставниците на Европскиот парламент како олеснувачи на дијалогот, како и со присуството на комесарот Хан. Во тој поглед нашата позиција останува како и досега. Ние, не молчевме. Ние ги истаканвме нашите ставови во однос на настаните во Куманово, екстремно јасно, веднаш одкако истите се случија“, изјави Коцијанчич.