Билд: Потребна е стратегијата за превенција на конфликти и резолуција за Македонија
Билд во 90-тите години беше меѓународен посредник за проблемите на Балканот. Европската унија не потврдува дали ќе испрати специјален претставник...

„Сега е време да почнеме сериозна работа на стратегијата за превенција на конфликти и резолуција за Македонија“- ова е пораката која Карл Билд, поранешниот шведски премиер и добар познавач на работите на Балканот, ја објави на Твитер.
Билд во 90-тите години беше меѓународен посредник за проблемите на Балканот. Европската унија не потврдува дали ќе испрати специјален претставник за ситуацијата во Македонија, изјави вчера портпаролката Маја Коцијанчич.
Европската комисија сепак не негира дека преку европската служба за надворешни работи на Федерика Могерини подготвува да испрати специјален претставник на Европската унија за Република Македонија, кој ќе има мандат да посредува во решавање на политичката криза.
Now is really the time to start working seriously on a strategy for conflict prevention and resolution in Macedonia. http://t.co/KadQEhHate
— Carl Bildt (@carlbildt) May 23, 2015
