Ќе се реконструираат 29 училишта
27.05.2015 13:17
Инвестицијата е тешка 186 милиони денари- најави премиерот Никола Груевски...

Летово започнува реконструкција на 29 училишта. Инвестицијата е тешка 186 милиони денари- најави премиерот Никола Груевски.
Во населбата Железара беше пуштено во употреба новото основно училиште „Григор Прличев“, на место на поранешните бараки кои беа стари 50 години.
Има капацитет од 500 ученици и е со вкупна површина од 2.500 квадратни метри. Беа инвестирани 72 милиони денари, обезбедени со кредит од Светската банка.
