10,5 милиони денари проценета штета од невремето во Гевгелиско

27.05.2015 13:24

Средствата ќе бидат исплатени на 38 физички лица, четири правни субјекти и 17 сопственици на викендици и куќи кои пријавиле поплавени имоти, земјоделските посеви и на инфраструктурните објекти...

Штетите од невремето во Гевгелиско се проценети на 10,5 милиони денари. Средствата ќе бидат исплатени на 38 физички лица, четири правни субјекти и 17 сопственици на викендици и куќи кои пријавиле  поплавени имоти, земјоделските посеви и на инфраструктурните објекти.

Во март излеаната вода од реките поплавила површина од 24,4 хектари во атарите на Егорци, Мрзенци и Богородица. Во Гевгелија, Давидово и Смрдлива вода според проценката на комисијата  штетите се движат од два до сто проценти.