Пациентите задоволни од системот „Мој термин“
Речиси 70 насто од анкетираните рекле дека лекарите го почитуваат закажаното време за преглед и евентуалните задоцнување се во просек по половина час...

Пациентите се задоволни од функционирањето на Националниот систем за електронски евиденции во здравството „Мој термин“. Ова го покажаа резултатите од обемното истражување за задоволството на пациентите од функционирањето на здравствениот систем.
Речиси 70 насто од анкетираните рекле дека лекарите го почитуваат закажаното време за преглед и евентуалните задоцнување се во просек по половина час. Од медицинскиот тим забалешка- закажаните пациенти доаѓаат дури и три часа порана од закажаното, но има и такви кои закажуваат, а не се појавуаат на преглед.
Министерот за здравство Никола Тодоров, кој ги презентираше резултатите од истражувањето, рече дека пациентите се најзадоволни од функционирањето на „Мој термин“ во клиниките за онкологија, за инфективни болести, за дерматовенерологија, општите болници во Кичево и Куманово, Клиничката болница во Тетово и Клиниката по хирушки болести „Св.Наум Охридски“.
Од друга страна, резултатите покажуваат дека најмалку се почитува закажаното време за преглед на клиниките за пулмологија, за неврологија, за урологија, во општите болница во Охрид и во Струга.
