Во Келн пронајдена бомба од Втората светска војна тешка 200 килограми
27.05.2015 13:55
Затворени се училиштата, градинките и старските домови. Бомбата треба да биде деактивирана попладево...

Најмалку 20 илјади жители на Келн се евакуирани од своите домови откако властите нашле бомба тешка 200 килограми од Втората светска војна.
Затворени се училиштата, градинките и старските домови. Бомбата треба да биде деактивирана попладево, кога ќе бидат прекинати речниот и воздушниот сообраќај над градот.
Изминатата недела беа најдени бомби од Светските војни во Хановер и кај стадионот Вембли во Лондон и ова воопшто не е ретка појава.
