Меркел- најмноќна жена според „Форбс“

27.05.2015 13:58

По изборите во САД в година, Меркел би можела да ја изгуби титулата прв пат од 2010, пишува Форбс...

Германската канцеларка Меркел втора година по ред се најде на врвот на листата на „Форбс“ на најмоќни жени. Веднаш зад неа е Хилари Клинтон, која лани беше на шестото место, но се врати на второто по објавувањето на претседателската кандидатура.

По изборите во САД в година, Меркел би можела да ја изгуби титулата прв пат од 2010, пишува Форбс.

Зад нив е Мелинда Гејтс, која ја води фондацијата на својот сопруг Бил Гејтс, претседателката со федералните резерви на САД, Џенет Јелен, директорката на ММФ, Кристин Лагард и претседателката на Бразил, Дилма Русеф.