Кривична пријава за штипјанка поради непочитување деловен договор
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на полицијата, по претходно известување од Министерството за здравство и наредба од ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против управителката и сопственичка на компанија „Ливница идеал“ од Карбинци...

47- годишна штипјанка ќе одговора за предизвикување опасност по здравјето на луѓето и загадување на животната средина. Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на полицијата, по претходно известување од Министерството за здравство и наредба од ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против управителката и сопственичка на компанија „Ливница идеал“ од Карбинци, бидејќи не се придржувала до договорот со фирмата Страбаг – ангажирана за изградба на ПЕТ – Центарот.
Имајќи предвид дека ПЕТ –Центарот има за цел рана и прецизна дијагностика на малигни заболувања и работи со радиоактивни изотопи, било потребно да се постават заштитни оловни елементи од радиоактивно зрачење.
Осомничената наместо оловни доставила прстени изработени од кадмиум.
