Хан и тројката европратеници в понеделник на средби во Скопје

27.05.2015 16:35

За понеделник, први јуни во Клубот на пратеници е закажана новата рунда преговори...

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и тројцата европратеници- Вајгл, Ховит и Кукан ќе дојдат во Македонија да ја продолжат медијацијата меѓу политичките партии за надминување на политичката ситуација во државава.

За понеделник, први јуни во Клубот на пратеници е закажана новата рунда преговори. Но, официјална потврда од Брисел, кога Хан и медијаторската тројка ќе стигнат во Скопје нема.

Портпаролката на Могерини, Коцијанчич потврди дека Европската комисија нема намера да праќа специјален претставник, а досега не се разговарало ниту за експерт за медијација и олеснување.