Заев објави нови прислушувани телефонски разговори кои ги поседува

27.05.2015 16:55

Лидерот на СДСМ, Заев објави нови прислушувани телефонски разговори кои ги поседува. Денеска, наместо во партиското седиште, тоа го стори во кампот пред Владата...

Прекршување на законите и Уставот. Вакво обвинување денеска упати лидерот на опозицијата, Зоран Заев, до актуелни и поранешни министри и владини функционери објавувајќи прислушкувани телефонски разговори кои ги поседува.

За разлика од порано, кога пресовите ги дршење во партиското седиште, денеска прислушкуваните разговори ги објави од кампот  пред Владата.

Според лидерот на СДСМ, европарламентарците кои посредуваат во надминување на политичката криза се надеваат на разрешница до крајот на јуни.

 

Катерина Топалова