Груевски на Виенски економски форум во Тирана
28.05.2015 10:51
Темата на актуелниот Виенски економски форум е „Од Берлин до Виена - враќање на геополитичката сигурност за Западниот Балкан”...

Премиерот Никола Груевски заедно со министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе учествува на сесијата на Виенскиот економски форум, која се одржува во Тирана, Република Албанија.
На Форумот освен македонскиот премиер Груевски ќе учествуваат шефови на влади и претставници на извршната власт од осум други земји, меѓу коИ се премиерот на земјата домаќин Албанија Еди Рама, премиерите на Србија Александар Вучиќ, на Косово, Иса Мустафа, на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ.
Македонскиот премиер Никола Груевски ќе има обраќање на Форумот во кое се очекува да говори за стратешките цели и интереси на државата, иницијативите за јакнење на односите и меѓусебната соработка на државите, како и за напорите за зацврстување на економијата како сигурен начин за напредок и остварување на зацртаните цели.
