Безбедни и квалитетни лекови на македонскиот пазар
Квалитетот на лековите се контролира уште пред да се најдат на рафтовите во аптеките. Со отворање аптеки во руралните средини, надлежните ја зголемија достапноста на лековите до граѓаните...

Граѓаните во земјава пијат безбедни лекови. Нивниот квалитет се контролира уште пред да се најдат на рафтовите во аптеките. Директорката на Агенцијата за лекови вели дека листата постојано се проширува со нови генерики, а со тоа на граѓаните им се овозможува најсовремена терапија.
„Секој лек поминува низ низа контроли пред да се најде во аптеките, впрочем затоа и постои Агенцијата за лекови за да го гарантира овој дел. Граѓаните немаaт потреба да се грижат околу тоа какви лекови имаме на пазарот. Кога зборувам за ова, зборувам за сето она што по легален пат влегува во Република Македонија“, вели Марија Дарковска Серафимовска, директор на Агенцијата за лекови.
Со отворање аптеки во руралните средини, надлежните ја зголемија достапноста на лековите до граѓаните. За три години, седум пати е намалeна нивната цена. Во намалувањето се опфатени повеќе од 4.500 лекови.
„Цената на лекот се утврдува со споредување со големопродажната цена на истиот лек во 12 референтни земји. Со што овозможуваме олеснување за пациентите од финансиски аспект, а истовремено и заштеди на средства во здравствениот систем кои потоа се пренаменуваат за други инвестиции во овој сектор“, изјави министерот за здравство, Никола Тодоров.
Надлежните апелираат за рационална употреба на лековите. Тие да се земаат само со препорака од лекар.
Андријана Атанасовска
