Студентите од ПМФ добија ваучери за таблет компјутери

28.05.2015 14:31

Ваучерите се наменети за редовни студенти од трета и четврта година, и за оние што се евидентирани како лица со посебни потреби...

Студентите од Природно-математичкиот факултет добија ваучери за таблет компјутери со надворешна тастатура, дел од проектот за доделување бесплатни бонови во вредност од  осум илјади денари.

„Денеска ќе се доделат 316 ваучери низ Република Македонија и  тоа: на Универзитетот Св. Кирил и Методиј- 206, од кои 140 тука на Природно - математичкиот факултет, на Универзитетот Гоце Делчев- Штип 38, на Универзитетот Климент Охридски од Битола 22, на Државниот Универзитет во Тетово- 38 и уште 12 ваучери на приватните факултети“, рече министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.

Од претходно доделените 4.570 ваучери, во продавниците досега се искористени 1.795 за купување на таблет компјутери. Од факултетите биле подигнати уште 3.243 ваучери кои засега не се искористени, а се уште не се подигнати 1.327 ваучери од факултетите, велат податоците на министерството.

Ваучерите се наменети за редовни студенти од трета и четврта година, и за оние што се евидентирани како лица со посебни потреби, од било која академска година.