Државно земјоделско земјиште за социјално ранливите категории
01.06.2015 11:34
Социјално необезбедените лица можат да обработуваат државно земјоделско земјиште до 3 хектари. На огласот кој ќе трае 30 дена понудени се површини во 11 општини...

Нови 130 хектари државно земјиште се нудат за користење на повеќе социјални категории население.
Ќе можат да ги користат инвалидизирани лица, самохрани родители и старатели.
Плодоуживањето трае до 5 години и најмногу до 3 хектари за одгледување на земјоделски култури.
Изборот го врши комисија, а во договорите ќе бидат опредени висината и видот на помошта за почнување на производството.
Методија Трајков
