Кривичниот суд ќе одлучува за обвинението за „Пуч“
01.06.2015 11:57
Советот за оценка на обвинителен акт има две опции, да го потврди обвинението и да закаже рочиште, или да го отфрли и повторно да го врати на обвинителството...

Кривичниот суд денеска на јавна седница ќе ги разгледува приговорите за случајот „Пуч“ поднесени од адвокатите на Зоран Заев и другите обвинети.
„Ќе бараме судот да го отфрли обвинението, бидејќи нема кривично дело“, изјавија од адвокатскиот тим на Заев.
Советот за оценка на обвинителен акт има две опции, да го потврди обвинението и да закаже рочиште, или да го отфрли и повторно да го врати на обвинителството.
Во случајот „Пуч“, сите обвинети, освен Заев се во притвор, а се товарат за шпионажа, неовластено снимање и насилство против највисоки државни органи.
