Анкета

Македонските граѓани сакаат во ЕУ, но без промена на името

01.06.2015 12:14

58,8 проценти од испитаниците го поддржуваат без отстапки за името, речиси четвртина би прифатиле отстапки, а 13,6 насто воопшто не го поддржуваат...

Според анкета на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, граѓаните на и натаму го поддржуваат зачленувањето на Македонија во Европската унија. Тоа е непроменето во однос на март 2014 година, но факторот „промена на името“ влијае врз поддршката.

58,8 проценти од испитаниците го поддржуваат без отстапки за името, речиси четвртина би прифатиле отстапки, а 13,6 насто воопшто не го поддржуваат.

Мнозинството граѓани забележуваат пад во интеграциите, а се помалку луѓе, особено меѓу младите, сметаат дека Македонија напредува и е подготвена за членство. Наспроти тоа, расте мислењето дека неостварувањето на домашните реформи е причината зошто Македонија се уште не е дел од унијата.

Така сметаат четвртина од Македонците и најголем дел од етничките Албанци, додека најголем дел од етничките Македонци проблемот го лоцираат кај соседите.