Конкурс за државната награда „Св. Климент Охридски“

01.06.2015 12:23

Наградата се доделува за достигнувања во областа на образованието, воспитанието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност...

Од денеска до 30 јуни е отворен Конкурсот за државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2015 година, соопшти Министерството за култура. 

Наградата се доделува за достигнувања во областа на образованието, воспитанието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност. 

Конкурсот е објавен на веб-страницата на Министерството за култура.