Потпишан меморандум за пракса на студентите од Машински факултет во странските компании

01.06.2015 12:58

Советот на странски инвеститори покренува иницијатива за развој на стручното образование во земјава што ќе придонесе за создавање квалификуван кадар во меѓународни рамки...

Се отвораат вратите на студентите од Машинскиот факултет за практична работа во странските компании и нивните истражувачки центри.

Со потпишување меморандум за соработка со Машинскиот факултет, Советот на странски инвеститори покренува иницијатива за развој на стручното образование во земјава што ќе придонесе за создавање квалификуван кадар во меѓународни рамки.

Лани меѓу 12 и 15 проценти од студентите на Машинскиот факултет се вработиле во некоја од странските компании во земјава.