Одбележан светскиот ден на згрижувањето
01.06.2015 13:13
Со голем хепенинг и дружење со децата со посебни потреби, и децата во згрижувачки семејства, се одбележa Денот на згрижувњето...

Од денеска за социјално ранливите категории ќе има повеќе пари. За 25 проценти ќе се зголеми сумата што ја добиваат родителите на деца со специјални потреби, а поголем паричен износ ќе добијат и згрижувачките семејства.
Со голем хепенинг и дружење со децата со посебни потреби, и децата во згрижувачки семејства, се одбележa Денот на згрижувњето.
Настанот организиран од Црвениот Крст на Град Скопје и Министерството за труд и социјална политика, се одржува во Зоолошката градина. Децата се забавуваат со бенд во живо, работилници со волонтери и со прошетка низ зоолошката.
