Самит 100- Порторож

Иванов на средба со Грабар- Китаровиќ и Пахор

01.06.2015 13:27

Шефот на државата Иванов, на средбите со хрватската претседателка, Колинда Грабар- Китаровиќ и словенечкиот претседател, Борут Пахор, побарал итен почеток на преговорите за влез во ЕУ и за прием во НАТО...

Претседателот Иванов учествува на „Самит 100- бизнис лидери во Југоисточна Европа“, кој се одржува во Порторож. Претседателите и бизнис заедницата од регионот ќе дебатираат за улогата на главните градови, со цел инклузивен и одржлив развој, во соработка со државните институции, бизнис секторот и Европската унија.

Шефот на државата Иванов, на средбите со хрватската претседателка, Колинда Грабар- Китаровиќ и словенечкиот претседател, Борут Пахор, побарал итен почеток на преговорите за влез во ЕУ и за прием во НАТО.

Соговорниците истакнаа дека позицијата на Словенија и на Хрватска во однос на Македонија е јасна и константна, изразена како бесусловна контнитуирана и приципиелна поддршка за ЕУ и НАТО итегративните процеси со нагласена подготвеност за пренесување на своето искуство на овој план.
 
На средбата бил реафирмиран и заедничкиот интерес за понатамошно унапредување на економската соработка

На самитот присуствуваат и црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, претседателката на Косово, Атифете Јахјага, претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ и спрскиот министер за економија, Жељко Сертиќ.

Македонскиот претседател ќе се обрати на панелот на лидерите насловен како „Нов договор за нова ера“.